Почетна

cm akt 02Од денес до 10 мај (во 16 часот) 2016 година, граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас.

Од денес до 10 мај (во 16 часот) 2016 година, граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас.

cm akt 02

Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот  треба да биде помеѓу 1.000.000 и 2.000.000 денари.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 30 април 2016 г.

Цивика мобилитас ќе одржи информативна/и сесија/и за овој повик. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас како и страницата на Фејсбук и информирајте се за евентуалните промени.

logos

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат
NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU)